Васил Толевски
       

Не се сите политичари серковци.
Некои имаат тврда столица!

За маките на народот
Владата има и подобро решение.
Ама јажето нема да издржи.

Вистината боли.
Благодарение на политичарите,
не ја ни осетивме.

Политичка еволуција:
во политиката влегоа како магариња,
а излегоа како расни коњи!

Гласав од дното на душата.
А сега душата ми е на дното!

Јас гласав за независна Македонија.
Ама не знаев дека ќе зависам од политичарите.

Со помош на политиката,
гуштерите станаа крокодили.

Партијата ни е железна.
Според р`ѓата што е собрана во неа!

За нашата победа нема кој да јави.
Сите загинаа.

Храброста е влезница за смртта!
Ние ќе останеме бесмртни.

Гордоста не ни дава да ја коментираме
хуманитарната помош што ја јадеме.
Па ова ниту свињи не би го јаделе!

На оние на кој им тежи земјата,
власта им ветува дека ќе ги закопа поплитко!

Народот бара леб од власта!
Будали – па не се луѓето од власта фурнаџии!!

Опозицијата ми сврте грб.
Стана власт.

Јас сум независен криминалец.
Не сум член на ниту една партија.

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права