Групниот секс е појава која настана во Собранието.
Таму пратениците со години наназад - спијат заедно.
На голема Албанија никој не ќе може да му ја ебе мајката.
Вештачка творба е.
Власта продава демократија на кили,
а јас не можам ни грам да купам!
Кога овците не ни се на број,
овчарите не можеме ниту да ги преброиме!
Фотелјите се за големи газови.
Малите не ги собира.
Секоја Влада ни ветува ова или она.
А потоа го добиваме она...
Двете страни се договорија.
Нема да има договор.
Ме прават магаре,
ама да ми додадат барем уште 30 сантиметри!
Штрбавите го соџвакаа,
а овие што пуштија заби – само го голтнаа!
Животот е единственото училиште
каде дипломата, на крајот на школувањето,
ти ја ставаат на бандера.
Цел свет ни се смее како луд,
што е доказ дека и тие не се нормални.
На нашите мумии не им требаат пирамиди.
Доволно им е Собранието.
Не сум јас за сатиричар.
Немам бубрези за таквите работи.
Сатиричарот го кажува она што
политичарот се прави дека не го гледа.
Не давам политичар да ми јаде од рацете.
Ќе ми ги изеде и нив! |