За разлика од некои политичари,
мени идеите ми доаѓаат од главата!
Ми се јави еден политичар,ми вели: Да не јадам лајна.
Ќе го послушам – нема да го јадам.
Нормално е да раѓаме мечка,
кога не јаваат мечки!
Народот воспостави контакт со власта.
Веќе почна да искри.
Влада која е составена од слепци,
бргу ќе го однесе народот во ќорсокак!
Повеќе ги сакам политичарите отколку жена ми.
Поредовно ме сексаат.
Криминалците никако да влезат во власта.
Мафијашите ги зафатија сите места.
Полицијата нема шанси да ја стигне мафијата.
Мафијата е многу повитална.
Одело ќе ни донираат.
А и за гаќи ќе се снајдеме.
Не е сe скапо.
Ни продаваат ефтини штосови.
Македонецот просечно живее 78,3 години.
Ако не друго, ама барем од стоката подолго живееме.
Ние сме мала земја.
Затоа двајца-тројца без проблем не суредуваат!
Не можеме да бидеме браќа
со оние кои ни ја суредија мајката.
Од него не бива политичар.
Уште на првата голема нужда – се усра.
Нашите политичари ја држат
работата во раце – само кога мочаат!
|