Васил Толевски
       

Босите приватизацијата кај нас
ја направија со чорап на главата!

Нашите судови попрвин
ќе ослободат курва отколку невина.

Нормално е да сме во блажена состојба
кога е политиката курва!

Денес е тешко да си криминалец.
Нон-сто си на телевизија!

Во Владата се почитуваат различни мислења,
па дури и кога доаѓаат од исти човек!

На Македонија и недостасуваат патриоти.
Имаме само еден патриот по глава на жител!

Лебот и не е така скап.
Штом ни останува за сол.

Онаму каде државата одумира,
народот е ставен на половина стап.

За разлика од политиката ,
жената е многу пофлексибилна.
За кратко време може да смени неколку става.

Тоа што не ни се сите овци на број,
не значи дека имаме помалку стока!

Македонија ми е сe што имам.
Затоа сум голтар.

Проблемите се насобраа.
А и народот почнува...

Нашите камења од кои се сопнуваме,
сами си ги избравме!

На Македонецот и во Сибир
би му горело под нозете.

Ние сме крајно сериозни,
ама мечката не. Почна да игра..

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права