Би сакал да бидам најпаметен човек.
Ама кому ќе му треба таква будала?!
Како да замислам пет македонски политичари,
кога не можам ниту еден да смислам?!
Земјата ни е тешка кога сме живи.
А кога ќе умреме – лесна ни земја!
Сакав да водам љубов со афоризам.
Додека да ги симнам гаќите – тој сврши!
Кого да сака – татковината или газот?
Се реши за газот – некако поблизок му е!
Наш проблем е што сме мнозинство.
Европа ќе не засака кога ќе станеме малциннство!
Жито увезуваме.
Какол имаме и за извоз.
Имавме јасна визија,
ама ни ја поматија оние што продаваат магла!
Никој е смее да ми забрани да јадам лајна!
Според уставот - сите сме еднакви,
па и со политичарите.
За да не останеме без работа,
Господ ни направи дупка – на задникот!
Народ кој бара леб,
утре ќе побара и сол!
Угледот во светот ни е немерлив.
Катар не не мери.
И позицијата и опозицијата имаат глава.
Само што на секои четири години
им се менува местоположбата.
Го пишувам она што го мислам,
а заборавив дека кај нас мислењето е забрането!
Коњот го трпи јавачот
сe додека јавачот не почне да мисли како коњ! |