Vasil Tolevski
       

Влеговме во заседа. Мафијата е околу нас.

Наш спорт е ватерполото. Навикнати сме на вода до гуша.

Одејки во Европа свративме во Хаг.

Ќе отворам банка за сперма. Почетниот капитал ми е при рака.

Македонецот има душа.Моментално му е во носот.

Исус беше дрводелец. Затоа го молам да се спушти долу и да ги изделка недоделканиве.

Гарант планираат ова да стане пустина. Одобрен е увоз на камили.

За проститутките нема место во политиката. Има поголеми курви од нив.

Ебиветрите во државава направија цунами.

Масата ќе добие во тежина ако ги исфрли лесните.

Политичарите се како фосили. Што повеќе опстојуваат ,се повеќе отврднуваат.

Политиката навлезе длабоко во земјата.И мртвите гласаат.

Диригентот ни ветува среќна иднина. Оркестарот за секој случај го вежба посмртниот марш.

Не ни треба јавна куќа. Си имаме парламент.

Во Македонија има 100.000 педери. Само половината се во политиката

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права