Само што отворив бутик за погребна опрема ,Владата најави мерки за подобар живот.
Импотентните треба да се стават на власт. Не ќе можат да не ...
Поради грипот , љуби го ближниот свој само ако е вакциниран.
Во гласачката кутија имаше повеќе ливчиња од гласачи.Значи проблемот е во наталитетот.
Потребни ни се нови непријатели. Овие никако да ги победиме.
Кентаур е коњ со човечка глава. Политикант е човек со коњски мозок.
Светските брендови се интересираат за нас. Им требаат опитни глувчиња.
Порано ги мачеше математиката. Сега завршната сметка.
Од толку педеришта неможеме да создадеме нормални услови во државата.
Почнав да одгледувам вошки. Ќе ми требаат за избори.
Дволичниот двапати го бричат.
Народот игра онака како што свират шупелките.
Неговиот кенеф е подобар од мојата куќа. Затоа што има направено многу повеќе срања од мене.
На топ листата на гладните води Етиопија пред Македонија. Но со беспоштедна работа на власта , ќе ги престигнеме.
Бидејки надежта умира последна , претпоследен умира тој што живее во надеж.
Никој неможе два пати да изгуби глава . Освен политичар на избори.
Исусе! Меѓу твоите овци има и говеда.
Власта се додворува на секој граѓанин. Граѓаните треба да знаат што следи после тоа. |