Васил Толевски
       

Во партиите нешто смрди бидејки никој не прави чистки.

Слепиот носи стап или куче. Слепецот носи закони.

Политичките слепци ни наметнаа политичко слепило.

Исус е симбол на маки и страдања. Ние сме само негови копии.

Добриот афоризам е како мигрена. Боли глава.

На изборите ни ветија јадење и пиење. Уште ни течат лиги.

Закажан е протест на мафијата пред Собранието. Некој од власта им ја зеде работата.

Народот е подготвен за секс. Остана без гаќи.

Големината на рамковниот договор зависи од мајсторите што ја правеа рамката.

Утре сабајле е нашата иднина.

Мртовечкиот сандак има четири рачки. А и толку соседи имаме.

Запекот го лечам со слушање на седници од Парламентот.

Не е се така црно.Гаќите ни се кафеави.

После Скендербег сакаат да ни го украдат и Александар. Мислев дека коњокрадците се заинтересирани за Букефал.

Приватизацијата сврши. Некои од радост доживеаја оргазам.

 

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права