Васил Толевски
       

Порано црквата не тераше да постиме.Сега постиме поради државата.

Ако сакате истрел во празно , пукајте во главата.

Живото е тргање.Ако не тргаш ќе ти го тргнат.

Кога ќе видам колку имаат некои комунисти, почнувам да верувам во комунизмот.

Главите на некои политичари се како мојот џеп. Празни.

Грците ќе ни предложат име –Атлантида. Брзо ќе сме потонеле.

Европскиот циркус има недостаток од кловнови. Значи , кога-тогаш ќе не примат во Европа.

Мафијата има свој кодекс на однесување. Владата е заинтересирана за негова примена.

Политиката е курва која ја плаќа народот.

Горилите ги штитат мајмуните од овците.

Државата и црквата повторно се обединуваат. Не подготвуваат за задгробен живот.

Во рација на полицијата курвите се уапсени. Политиката пак се провлече.

Народот е како тепих. Сите го газат.

Политичките работници се приближуваат до кучињата. Во однос на лаењето

       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       
       

Copyright 2007 ©Васил Толевски
Напомена: Сите презентирани трудови на овој портал се авторско дело на сопственикот на порталот. Превземање и јавно публикување на текстовите дозволено е само доколку го наведете името на авторот (или изворот на информацијата), за да не подлегнете на законот за кршење на авторските права