Утврдивме национална програма.Уште да утврдиме која нација сме.
Цигарите се опасни по здравје. Особено ако се замерите со власта.
Фирмата е успешно приватизирана.Фамилијата на новиот газда е задоволна.
Масовните гробници се доказ дека на Балканот се почитува заедништвото.
Бин Ладен ја критикува нашата Влада.Не му остави ништо за рушење.
Нашата Влада е најдолга. Главата во облаци а задникот во фотеља.
Падна во септичка јама. Брзо се прилагоди на околината.
Никако да фатиме правец. Во Владата има многу кривинаши.
Политиката е трансвестит. Соработува и со курви и со педери.
Господ го создаде светот за седум дена. Со нас му се оддолжи.
Изгледа во Собранието нема канализација!? На кој му е до голема нужда, се качува на говорница.
Пеј народе.Бадијала да не ви свират цревата.
Ние сме за европска рамноправност.Нас ни е сеедно дали не трти Исток или Запад.
Во Европа ќе одиме дури откако ќе раскрстиме со Марс.
Ни се јавија од Марс. Се заблагодаруваат што нивен кадар ставивме за министри. |